Благодарение на Siemens 3Д печатењето се користи во многу индустрии – од боци за плински турбини преку потпирачи за раце за јавниот превоз до терминални кутии за возови со огромна брзина. Сега е на ред воздухпловната индустрија.
Парнерството меѓу Siemens и Etihad има за цел да ја револуционизира воздухопловната индустрија и со помош на 3Д печатење авиопревозниците да можат да ги подобрат дизајните на авионите, како и да се прават сложени делови по потреба или некои делови кои веќе не се произведуваат.
ConstructionWeekOnline пишува дека во рамките на пилот проектот ќе се печатат внатрешни делови за кабини за авиопревозникот од Обединетите Арапски Емирати. Ова се првите 3Д печатени делови кои се дизајнирани и произведени во ОАЕ и во целиот азиски свет.