Тексас гради џиновски стадион за играње видеоигри

- Advertisement -

Во Арлингтон, Тексас, се гради стаион вреден 10 милиони долари, но таму нема да се игра кошарка или фудбал туку – видеоигри. Кога ќе биде готов на крајот на годинава ќе биде најголемиот стадион во САД за играње е-спортови и капацитет од 1.000 посетители, пишува Fast Company.

Ви звучи лудо? Се очекува до 2022 година е-спортовите, кои технички се само видеоигри дизајнирани да содржат натпревари на тимови против тимови – ќе станат индустрија вредна 2,3 милијарди долари. Низ целиот свет се собираат професионални тимови за игри како DOTA2 и Overwatch, а неодамна девелоперот Blizzard ангажираше таленти од Fox Sports, NFL и НБА да ја промовираат неговата нова лига.

- Advertisement -

Иако е-спортовите најмногу се гледаат на платформи за стриминг како Twitch, арените каде што се гледаат во живо стануваат се попопуларни места да се види професионално играње. Минатата година стадионот Bird’s Net во Пекинг собра 40.000 луѓе за шапионатот на League of Legends – стадион изграден за Олимписки игри беше преплавен со фанови на видеоигри.

Стадионот кој е планиран да се гради во Арлингтон е помал од Bird’s Nest,но уникатен е по тоа што од темел се гради исклучиво за играње видеоигри. „Има многу сличности меѓу е-спортовите и традиционалните спортови. Фановите сакаат да се соберат и аедно да го доживуваат искуството. Тоа е универзален аспект, но има и многу разлики. Е-спортовите траат многу подолго и не мора да имаат официјален почеток или крај“ вели Брајан Миракиан, кој го преводи проектот.

- Advertisement -

На пример, додека една игра на NFL може да трање 4 часа, еден турнир на е-спортови може да трае од 8 до 10 часа. Може да ви одземе еден цел ден или цел викенд. Токму затоа новиот стадион ќе личи повеќе на луксузен спортски бар, со многу простор за одморање и грицкање додека гледате ТВ.

„Битно е да се направи еден заеднички простор кој нуди нешто за секого. Јавни арени за гејминг, простап до храна и пијалаци, вклучување на спонзори, средби на тимовите“вели Миракиан.

- Advertisement -

Компанијата која стои зад овој стадион очекува студентите од Универзитетот Тексас да го посетуваат стадионот и едноставно да се дружат.

Од наша перспектива, еден од најбитните моменти кога се гради нешто за е-спортови денес е да се дизајнира простор каде што ќе се играат повеќе игри и со различен број посетители. Токму затоа е убаво да се има нешто што е флексибилно за да се види колку е битна големината. Доколку е-спортовите продолжат да се развиваат, овој стадион може да биде ништо во споредба со тие што ќе се градат по 10-20 години отсега.

Сподели!
- Advertisement -