-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Кинескиот Apple излегува на берза – Xiaomi вреди 100 милијарди долари!

Kabtel desktop

Xiaomi поднесе барање за иницијална јавна понуда на акции и во текот на годинава акциите на кинескиот Apple, како што медиумите ја нарекуваат компанијата, треба да се појават на берзата во Хонгконг. Уште нема конкретни и официјални детали за сумата која Xiaomi сака да ја собере со излегувањето на берза.

Bloomberg споменува цифра од 10 милијарди долари плус вредноста на компанијата од дури 100 милијарди долари. Ова би можело да биде највредното ИПО на една кинеска технолошка компанија по излегувањето на берза на Alibabа пред неколку години, пишува Zimo.

Во пресрет на ИПО-то на Xiaomi компанијата прв пат објави бројки врзани за приходите. Минатата година оствариле приходи од 18 милијарди долари, што е раст од 70% во однос на годината претходно. Минатата година била одлична за Xiaomi особено затоа што по брзиот подем во 2014 и 2015 година, во 2016 година остварија разочарувачки резултати.

Благодарение на големата побарувачка првенствено во Кина и во Индија, Xiaomi се проби меѓу петте најголеми мобилни компании во светот, а плановите за во иднина се ширење и на други пазари, вклучувајќи го и американскиот пазар, па компанијата очекува понатамошен раст на продажбата и заземање на уште поголем дел од мобилниот пазар.

Xiaomi е најпознат по паметните телефони, кои имаат одличен сооднос на цената и квалитетот, но компанијата продава и многу други уреди: од паметни часовници и нараквици за фитнес до електрични ромобили, садови за готвење ориз и уреди за прочистување на воздухот, но најголем дел од заработката доаѓа од интернет-сервиси.

„Xiaomi веќе го промени начинот на живот на стотици милиони луѓе, а во иднина ќе стане дел од животот на милијарди луѓе од целиот свет“ изјави Леи Јун, основач и извршен директор на компанијата.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!