#ИновативностЧита: Lean In – поучна книга од Шерил Сендберг, оперативен директор на Facebook за жените во бизнис

- Advertisement -

Компанијата Facebook не би била тоа што е, доколку сите бизнис операции во позадина не ги менаџираше инспиративната Шерил Сендберг, главната оперативна директорка на компанијата. Нејзината книга Lean In: Women, Work, and the Will to Lead издадена во 2013 година е денешниов избор за #ИновативностЧита.

Во неколку наврати, и самиот Марк Цукерберг има изјавено дека компанијата Facebook не би била една од најмоќните компании во светот доколку во својот тим тој ја нема Шерил Сендберг. Сендберг ја има преточено не само својата животна филозофија, туку и својата професионална етика во својот мемоар кој симболично го носи името Lean In со кое Сендберг сугерира на вклучување на жените во важните дискусии, препознавање и впуштање во различни можности и водење наместо следење.

- Advertisement -

Откако таа ја напиша својата книга во соработка со Нил Сковел, познат ТВ автор и новинар, самиот термин кој е на насловот на книгата доби сосема нова димензија и луѓето почнаа да го идентификуваат со поттикнување на жените да ги прифаќат професионалните предизвици и ризици на работното место и да не се плашат да напредуваат.

Многу критичари после издавањето на книгата почнаа да изјавуваат дека со својата книга, Шерил Сендберг стартуваше еден културен феномен кој ги охрабрува жените да целат кон повисоки цели во бизнис светот. Поради големиот бран кој го предизвика, книгата бргу стана бестселер како во САД, така и на меѓународно ниво.

- Advertisement -

Книгата на Сендберг даде придонес кон дебатата зошто ни се потребни повеќе жени лидери во бизнис и во корпоративниот свет и ја промени перцепцијата дека амбицијата не треба да биде лош збор за жените. Со книгава, Шерил Сендберг стигна и до насловната страница на Time магазинот.

- Advertisement -

„Преземањето на иницијатива се исплати. Тешко е да си претставите одредена личност како лидер, доколку истата личност секогаш чека да ѝ кажат како да постапува.“, пишува Сендберг во книгата инсинуирајќи на подредената позиција која жените секогаш ја имале во бизнисот со цел да ги инспирира да преземаат иницијативи и да не се плашат да го кажат на глас својот став.

Во светот во кој од 197 држави, само дваесеттина се предводени од жени, а од извршните директори на компании од Fortune 500 листата, само 18 се жени, вакви книги се и повеќе од потребни да ни покажат дека со невклучувањето на жените во политиката, бизнисот и останати сектори, половина од човечкиот потенцијал на светот останува неискористен.

Сподели!
- Advertisement -