Microsoft подготвува целосно нова категорија мобилни уреди

- Advertisement -

На Интернет се појавија информации за хардверските планови на Microsoft, кои ги покажуваат гoлемите планови и амбиции на Сатја Надела. Екипата од Microsoft за оваa и следната година подготвува надградба на постојните уреди Surface, но и целосно нов уред кој би можел да донесе големи промени на пазарот за паметни уреди.

Станува збор за кодното име Andromeda, за кое се пишува веќе некое време. Иако деталите не се добро познати, се работи за преклопен уред со два екрани. Microsoft планира џебен уред кој ќе го овозможи искуството на персонален компјутер, Значи, можеме да очекуваме уред со два екрани и димензии слични на денешните паметни телефони, кој ќе може да се користи како телефон, но и како лаптоп со виртуелна тастатура.

- Advertisement -

Опциите кои може да ги има таквиот уред се безбројни и не зависат само од Microsoft, туку и од програмерите, кои ќе можат да ги искористат двата екрани за интересни апликации. Ако се покаже успешна и популарна меѓу корисниците, Andromeda би можела да покрене целосно нова категорија уреди. Она што е најбитно за овој уред е дека Microsoft планира да го претстави до крајот на годината.

Сподели!
- Advertisement -