Google инвестира 550 милиони долари во кинескиот е-трговец JD.com

- Advertisement -

Google ќе инвестира повеќе од половина милијарда долари во кинеската компанија за е-трговија JD.com во рамките на стратегијата на компанија да ги шири малопродажните услуги ширум светот, соопштија компаниите во заедничко соопштение. Овие најави стигнуваат во време кога американскиот гигант за интернет-продажба го турка Google Shopping, платформа која на клиентите им овозможува да споредуваат цени меѓу различни трговци и треба да му конкурира на Amazon.

Компаниите ќе ги поврзат синџирот на набавка и логистичкото искуство на кинескиот гигант со технологијата на Google за да се креира персонализирана малопродажба за новите генерации во регионите на Југоисточна Азија, САД и Европа, информира 24sata.

- Advertisement -

„Ова партнерство со Google отвора широка палета на можности за да се понуди поквалитетно малопродажно искуство на клиентите ширум светот“ изјави главниот стратешки директор на JD.com, Џианвен Лиао. Google ќе инвестира 550 милиони долари во пари, а за возврат ќе добие 27,1 милиони новоиздадени редовни акции од А класа на кинескиот гигант. Тие акции, според портпаролот на JD.com, одговараат на околи 1% удел во компанијата.

Главниот директор на Google, Филип Шиндлер, изјави дека со овој потег на купувачите ќе им овозможат да купуваат каде било и кога било. Сепак, партнерството веројатно нема да може да влијае на статусот на Google во континентална Кина, каде што се блокирани неговите Gmail, Google Search и Google Maps.

- Advertisement -

Кинеските корисници на Интернет поради неприфатливи постови на социјалните мрежжи може да бидат парично казнети или дури и да добијат затворска казна. Тамошните власти во последно време поставија и контроли на Интернет, гасејќи ги блоговите за озборување на славни личности и покренаа истраги на платформите поради непристојност.  JD.com агресивно му конкурира на Alibabа на кинескиот пазар.

Сподели!
- Advertisement -