Eco-Popper е првата дигитална мамка за ловење риби во светот

- Advertisement -

На годинашниот саем CES во Лас Вегас пропуштивме да забележиме еден гаџет кој ќе имс е допадне на сите љубители на риболовот – дигиталната мамка Eco-Popper. Овој гаџет наскоро треба да се најде во продажба, па летните одмори можете да си ги разубавите со дигитален риболов на море или езеро.

Накратко, станува збор за мамка која е опремена со камера и систем за детекција на движење, па кога ќе ја фрлите во водата, почнува да ви пренесува HD видео преку WiFi за да можете да видите што се случува под водата и да гледат во живо како на мамката загризува некој сом или некоја волшебна златна рипка која ќе ви ги исполни сите желби.

- Advertisement -

Во мамката се наоѓа и компјутер и сензори кои ја бележат температурата и соленоста на водата, а дополнителна опција е можноста за споделување на видеото со избрани пријатели преку YouTube. Во предпродажба Eco-Popper може да се набави по цена од 179 долари, додека оригиналната цена ќе изнесува 239 долари. Погледнете како изгледа риболовот со Eco-Popper. Почнува добата на дигиталниот риболов!

Сподели!
- Advertisement -