2.9 C
Skopje
четврток, февруари 20, 2020

Илон Маск на астронаутите од Меѓународната вселенска станица им испрати робот со вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Американската вселенска компанија SpaceX денеска во вселената ја лансираше својата ракета Falcon 9, на која на астронаутите од Меѓународната вселенска станица им испрати храна, вода и други потреби заедно со собот кој има вештачка интелигенција. Овој робот е дел од научен експеримент на компанијата на Илон Маск, кој во наредниот период ќе тестира повеќе технологии во вселената.

Роботот CIMON изгледа како одбојкарска топка со компјутерски екран на едната страна. На екранот се прикажуваат едноставни цртани ликови кои ќе комуницираат со шестемина астронаути на станицата.

Роботот е опремен со 14 внатрешни вентилатори кои ја придвижуваат белата топка така што го вшмукуваат воздухот од ISS и го исфрлаат за топката да лета во кој било правец. Тоа значи дека CIMON ќе може да лета по целата станица и да отиде до секој астронаут.

CIMON го направи компанијаѕа Airbus за германската Национална вселенска агенција, а целта на роботот е да провери колку интелигентните роботи можат да соработуваат со астронаутите за да им ја поедностават работата во вселената.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •