2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Боливија гради музеј на дното на езерото Титикака

Kabtel desktop

Боливиските власти ќе изградат музеј на дното на езерото Титикака во вредност од 10 милиони долари по откривањето на неколку илјади археолошки предмети во длабочините на езерото, соопшти Министерството за култура на Боливија.

„Тоа ќе биде туристички, но и археолошки, геолошки и биолошки центар и ќе биде единствениот таков во светот“ велат од министерството.

Подрачјето на езерото Титикака, кое се протега на површина од 8.562 квадратни километри меѓу Боливија и Перу, е колевка на разни култури кои се од преколонијалната ера, пишува N1info.

Последните години во длабочините на езерото се пронајдени речиси 10.000 археолошки предмети од коски, метал и керамика, меѓу кои и кујнски прибор од времето на старите цивилизации.

Музејот ќе се наоѓа на околу 100 километри од главниот град на Боливија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •