-3.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Со овие апликации сигурно ќе ги преживеете сите летни авантури (1 дел)

Kabtel desktop

Училиштето заврши, летото е тука, а тоа значи дека многу почесто сме на отворено и на голема топлина. Додека метеоролозите и лекарите постојано предупредуваат дека на високи температури треба да се пазиме од штетното УВ зрачење, да пиеме доволно течности и да седиме во ладно, факт е дека многумина од нас забораваат на тие совети. За среќа, како што пренесува 24sata, денес имаме многу апликации и гаџети кои летно време не штитат од сонцето и ни помагаат да се грижиме за нашето здравје. Еве неколку од нив.

Wolfram Sun Exposure Reference (iOS)

Сервисот популарен меѓу матерматичарите доби апликација која ќе се погрижи да не изгорите додека сте на сонце, а од вас бара само да внесете одредени карактеристики. Откако ќе го дознае типот на вашата кожа, локацијата и заштитниот фактор на кремата за сончање, апликацијата ќе пресмета колку долго смеете да бидете изложени на сонце без страв дека ќе ви изгори кожата.

My UV Patch

My UV Patch е апликација на компанијата La Roche Posay, со која доаѓа и паметна растеглива налепница за кожа преку која можете да ја следите изложеноста на УВ зрачењето. Изгледа како проѕирен фластер и во неа има фотосензитивни бои кои ќе се прилагодат на тенот на кожата и ќе ја променат бојата кога се силожени на УВ зраци. Налепницата може да се носи неколку дена, а во паликацијата можете да направите профил за вас, за вашето дете итн. (iOS, Android)

SunZapp

Апликацијата настана со поддршка на американскиот Национален институт за рак, а користи моментални податоци за УВ зрачењето на одредена локација. Има одбројување и ќе ве предупреди кога ви е доста сончање и кога треба повторно да нанесете заштитна крема. Од вас ќе бара да направите профил за бојата на косата, типот на кожата и начинот на кој реагирате на сонце и како сте облечени. (Android, iOS)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!