Link & Fly е првиот летачки воз-авион во светот

- Advertisement -

Компанијата AKKA technologieѕ дизајнираше модуларен авион кој се претвора во воз. Концептот предвидува авион кој има крила што се откачуваат од телото на авионот, каде што се сместени патниците. Целта е да се олесни патувањето до и од авионите.

Идејата зад концептот е да се овозможи луѓето да се качуваат на возот-авион на посебни станици, од каде што директно ќе се превезат до аеродром. Потоа возот ќе застане под крилата, каде што се прикачува и пилотската кабина и веднаш е подготвен за полетување. Откако ќе слета, возот повторно ќе се откачи од крилата и кабината и ќе ги одвезе патниците до станица, пишува DesignBoom.

- Advertisement -

Концепт-авионот има 162 седишта, со опсција за транспорт на товар со максимална тежина од 21 тон. Моторите се поставени на огромните крила со форма на делта и се широки 49 метри. Авионот треба да има досег од 2.200 km, брзина на летање од 0,78 маха, а да се искачи на максимална висина од 12 км.

Сподели!
- Advertisement -