14.8 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Русија тестира нуклеарно оружје кое може да уништи површина со големина на Франција

Kabtel desktop

Нуклеарно супер оружје кое Владимир Путин, рускиот претседател, тврди дека може да се насочи каде било на планетата, се тестира во Рудија. На снимките кои се појавија може да се видат последните тестирања на проектилите, за кои од руската војска велат дека можат со еден удар да уништат површина со големина на Франција или Тексас.

Проектилите RS-28 Sarmat може да удрат во цели на Северниот или на Јужниот пол и да носат повеќе боеви глави отколку кој било друг проектил на планетата. Освен тоа, RS-28 Sarmat проектилите можат да носат до 24 од новите Avangard хиперсонични ракетни системи, од кои секој може да носи свое нукеларно оружје, пишува Daily Mail.

Моментално не постои одбранбен систем за проектилите на Avangard, кои, наводно, можат да се движат со брзина 20 пати поголема од брзината на звукот. Путин изјави дека и Sarmat и Avangard ќе бидат готови за употреба во војна до 2020 година.

Видеото од тестирањето кое се појави на Интернет го објави руското Министерство за одбрана. Новото оружје ќе може да пренесува до 10 големи термонуклеарни боеви глави или 16 помали или комбинација од двете, а притоа сите тие ќе можат да се насочат кон различна цел.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •