5 C
Skopje
вторник, јануари 26, 2021

Велика Британија ќе прави вештачки острови по примерот на Дубаи

Kabtel desktop

Велика Британија веројатно ќе го прави својот прв Garden City, односно низа од вештачки острови со хотели и илјадници домови на нив. Овој вештачки парк со големина на еден град, кој наликува на Палмините острови во Дубаи, може да биде готов до 2035 година, а ќе се гради во северен Кент.

Ќе биде поставен околу огромно езеро јужно од реката Ебсфлит и на него ќе има 15.000 домови, градини каде што луѓето ќе можат да одгледуваат свој зеленчук и овошје, па дури и вештачка плажа. Плановите за Garden City, гарад кој е планиран со што е можно повеќе зеленило и отворен простор, беа претставени откако проектот победи на интернационален наптревар и беше одлучено да се гради.

Вештачките острови меѓу себе ќе бидат поврзани со патеки за пешаци. Еден од островите ќе биде лулка на културата и уметноста, каде што ќе има театар на отворено и ќе се одржуваат културни настани. Ќе има и простор за хотели и центар за иновации, каде што ќе можат да работат стартапи.

Ќе има и таканаречени еко-острови, каде што ќе се поттикнува развојот и опстанокот на дивиот свет. Дизајнерите имаат планирано низа хотели за инсекти, кутии за пчели за лилјаци, со цел да помогнат да се доселат животни и инсекти на островите.

Езерото има површина од 12 хектари и моментално е недостапно за локалното население. Garden City планира да ја отвори областа и да го трансформира пејзажот. Дизајнот HALO (кратенка од Hives, Arcs, Links, Organics) ќе биде најбитна карактеристика на Garden City.

Компанијата Ebbsfleet Development Corporation ќе ја надгледува изградбата на 15.000 домови и градски центар, додека во план е да се направат и шест други паркови во близина. Освен нови домови, првото основно учикиште во Garden City веќе е отворено, , а отворени се и првиот паб и хотел. Се работи и на изградбата на мост кој ќе ги поврзе жителите со Интернационалната железничка станица на Ебсфлит, како и пешачки патеки и патеки за велосипеди кои ќе ги поврзуваат различните делови од Garden City.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •