19.2 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Почетна 1 Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анѓелес во декември

Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анѓелес во декември

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Илон Маск го најави отворањето на првиот тунел под Лос Анѓелес за 10 демеври.

Брзиот транзитен тунел кој компанијата Boring Company го копа под Лос Анѓелес ќе биде отворен на 10 декември, потврди основачот Илон Маск. Тој преку Твитер го потврди отворањето на тунелот, како и бесплатно возење на јавноста наредната вечер.

Тунелот со должина од 3,2 километри, кој се наоѓа под седиштето на компанијата SpaceX во Калифорнија, е доказ за одличниот концепт за подземен јавен транспортен систем чија цел е да се транспортираат патници и возила под патиштата кои се закрчени од сообраќај, а за тоа ќе се користат електрични платформи наречени „скејтови“. Скејтовите теоретски ќе транспортираат од осум до 16 патници или едно патничко возило преку магнетна шина со брзина до 250 километри на час.

Во август Маск објави фотографија од Model S во истиот Hawthorne тунел, а во јуни компанијата беше избрана да изгради брза транзитна врска меѓу центарот на Чикаго и меѓународниот аеродром Охаре. Boring Company соопшти дека ќе направи друг тунел во Лос Анѓелес. Маск минатата година кажа дека се надева дека ќе ги поврзе Њујорк и Вашингтон со подземен hyperloop и доби одобрение од администрацијата на Доналд Трамп.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Во САД ќе се отвори првиот ресторан кој ќе продава производи...

Еден ресторан во Калифорнија ќе стане првиот угостителски објект во САД кој ќе продава производи направени со марихуана во својата редовна понуда. Lowell Cafe е...

Иновации, подобрување на животната средина и развој на идните професии во...

Oсмото издание на Самитот Македонија2025, кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата, технолошките иновации и етичкото лидерство,...

Најпознатиот фаст фуд синџир за пилешко месо KFC ќе почне да...

Подгответе се за „месо без месо“, новина од најпознатиот фаст фуд синџир за храна од пилешко месо, KFC, која уште повеќе ќе ја вжешти...

Арапи во Хрватска сакаат да градат ресорт вреден милијарда евра

Проектот Mavrijan Luxury Resorts беше претставен на средината на јули, а деновиве во Улцињ треба да дојдат заинтересираните инвеститори од Катар и од Египет....
Сподели!
  •  
  •