- Advertisement -
„Фејсбук“ објави во вторникот дека во моментов социјалната мрежа има над 2,27 милијарди активни корисници
Компанијата, исто така, објави и дека во третиот квартал од годината имала приход од 13,7 милијарди долари, нешто под предвидувањата на аналитичарите, но доволно за да се избегне повторен пад на цената на нејзините акции.
Основачот на компанијата, Марк Закерберг изјави дека услугите што ги нуди „Фејсбук“ секојдневно ги користат над 2 милијарди луѓе, како и дека во последниот квартал профитот на компанијата изнесува 5,1 милијарда долари.
- Advertisement -
Во јули, акциите на „Фејсбук“ паднаа драстично откако компанијата предупреди дека во годините што доаѓаат ќе има се помал профит.
- Advertisement -