Instagram го олесни шопингот преку мобилната апликација

- Advertisement -

Instagram веќе долго време е место каде што луѓето бараат инспирација кога станува збор за модата, а сега ви го олеснува и купувањето на облеката којашто ја посакувате. Компанијата пред неколку дена најави нови алатки за е-трговија, вклучувајчи и можност за купување преку страниците Stories и Explore.

Instagram уште од јуни годинава тестира алатка за купување преку страницата Stories, која ќе биде пуштена во употреба од понеделник. Брендовите ќе имаат можност на Instagram на постовите да додадат по еден стикер од своите производи на страницата Stories, a корисниците ќе имаат увид во повеќе информации за производот, меѓу кои и цената.

- Advertisement -

На страницата Explore ќе ви бидат препорачани содржини, како нова алатка за купување која ќе ви ја прикажува понудата на бредновите кои ги следите или можеби сте заинтересирани за нив. Од Instagram напоменуваат дека купувањето до преку апликацијата досега било комплицирано затоа што корисниците требаше да го бараат производот влегувајќи од профил во профил. Новиот канал има за цел на корисниците да им го олесни шопингот кога се расположени.

Сподели!
- Advertisement -