ФОТОГАЛЕРИЈА: Кои се мажите на годината за 2018 година?

- Advertisement -

Владимир Чадиковски е Маж на годината за 2018 година, во изборот за Мажи на годината за 2018 во организација на Friday.mk и Моментум. На гала вечерта која се одржа во Тренд Гастро Бар, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 10-те најуспешни Мажи во Македонија за 2018 година.

На првиот официјален избор се избира мажите на годината за 2018 во 10 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Владимир Чадиковски. Доктор Владимир Чадиковски кој има навистина импресивна кариера и добитник е голем број признанија во светот и кај нас, беше добитник и на уште една награда во категоријата Маж со најголем придонес во општеството.

- Advertisement -
Менаџер на годината за 2018 – Живко Мукаетов

Во категоријата Менаџер на годината за 2018 наградата ја доби Живко Мукаетов, сопственикот на Алкалоид, наградата Млад менаџер ја доби Душко Чифлиганец , а наградата за Маж странец во Македонија наградата отиде во рацете на Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.  За наградата за Маж со најголем придонес во културата беше избран режисерот Ѓорче Ставерски, а за Маж со најголем придонес во спортот наградата отиде кај Кире Лазаров. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Министерот за надворешна работи, Никола Димитров, а за Маж со трајни вредности беше избран Трифун Костовски.

Млад менаџер за 2018 – Душко Чифлиганец

На вчерашната гала вечер,  ги славевме  успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Многу сме среќни што успеавме да организираме настан на кој имаше навистина убави луѓе. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати, и гордо сакаме да ви најавиме дека и наредната година ќе ги наградиме најуспешните мажи кај нас. Изборот на маж на годината планира да стане релевантен коректив за сите мажи, да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил, а со тоа овој настан ќе прерасне во традиција“, изјавија организаторите.

- Advertisement -
Маж со најдобар стил – Никола Димитров
Маж со трајни вредности – Трифун Костовски
Маж на годината, избор од социјални мрежи – Огнен Јаневски

Идејата за реализација и организација на настанот е на единствениот онлајн машки магазин Friday.mk и агенцијата за организирање настани Momentum inc, а беше поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и Агенцијата на менаџери на Македонија.

 

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -