Утре ќе се одржи iFail – конференција за неуспесите на успешните

- Advertisement -

На 6 декември (четврток) во просториите на ФОН Универзитет со почеток од 19:00 часот заедницата Глобал Шејперс Хаб Скопје (Global Shapers Hub Skopje) организира конференција наречена iFail – конференција за неуспесите на успешните. Целта на настанот е да се инспирираат младите луѓе да бидат активни и одговорни граѓани кои не се откажуваат при предизвиците, а на истиот ќе говорат:
– Ирена Иванова, програмски менаџер при Делегацијата на Европската Унија во Македонија
– Нина Костовска, прва фармацевтка на Балканот со Даунов синдром
– Мерсиха Смаиловиќ, невладина организација „Легис“, активист за човекови права
– Викторија Шотароска Трајкова, генерален менаџер на П.И.К.Ко

Global Shapers е младинска локалнa иницијатива на Светскиот економски форум која поттикнува и презема активности за општествена одговорност и промена во заедниците. Програмите се равиени и водени од млади индивидуалци кои се исклучителни во својот потенцијал, успесите и постигнувањата кои ги имаат зад себе и желбата да придонесат во нивните заедници.

- Advertisement -

Шејперите (Global Shapers) се мотивирани млади луѓе на возраст 20-30 години, кои служат за пример во нивната заедница. Тие се избрани врз основа на нивните постигнувања, лидерски потенцијал и посветеност да го подобрат светот околу себе. Преку заедницата на Global Shapers, на шејперите им се дава можност да се поврзат со светската мрежа на Global Shapers, да се вмрежат со другите заедници на Светскиот економски форум, како и да го претставуваат гласот на младите на настаните на Светскиот економски форум. Global Shapers се обединети во заедничката желба за канализирање на огромната енергија и ентузијазам на младите во градењето на помирен и инклузивен свет.

Сподели!
- Advertisement -