20 C
Skopje
сабота, јули 11, 2020

Македонски тим развива електрични велосипеди со вградени проактивни филтри за градски еко-транспорт

Kabtel desktop

ГЕТ (градски еко транспорт)-велосипед е проект на група студенти предводени од Иле Мирчески, професор на Машински факултет Скопје, чија крајна цел е во македонските градови да се воспостави систем на еколошки градски транспорт со електрични велосипеди со вградени филтри. Во моментот се развива прототип на овој велосипед во соработката со компанијата Венито Комерц ДООЕЛ Кавадарци. Од енормно значење за досегашниот развој на овој проект е подршката од страна на Фондот за иновации и технолошки развој во рамките на „О2 Предизвик“.

Денес овој проект се наоѓа во завршните фази на креирање на првиот прототип.  Разговараме со Филип Попоски, еден од шесте студенти вклучени во реализација на овој иновативен проект.

Идејата за развивање на овој проект беше и сеуште е резултат на желбата за чист воздух и фрустрацијата од загадувањето на воздухот!

Основната замисла на овој проект е да се создаде систем за градски транспорт, систем од електрични велосипеди со вградени проактивни филтри, кои ќе им бидат достапни на граѓаните во урбаните средини. Граѓаните овие велосипеди би ги користеле преку изнајмување со помош на персонализирани картички, кои функционираат слично на оние од ЈСП.

Филтрите служат за прочистување на воздухот и истите се вградуваат во самите тркала на велосипедот. При движењето на велосипедот, а со тоа и ротацијата на тркалата филтите го прочистуваат воздухот. Тие се состојат од филтер материјал и посебни држачи кои го прицрврстуваат на тркалото. Значаен аспект на овие филтри е покрај тоа што тие не трошат никаква енергија, истите може да се монтираат на било кој велосипед, без разлика дали е електричен или класичен.

Проактивните филтри, кои може да се вградат на секој велосипед, прочистуваат 9 кубни метри воздух со секој изминат километар, наспроти просечните 2-3 метри кубни издувни гасови секоја минута од просечен автомобил.

Полнењето на батериите на електричните велосипеди се остварува на станици, на кои истовремено е предвидено и заклучување на велосипедите.

Како во пракса ќе функционира ГЕТ транспортот?

Со цел приближување на проектот кон локалните власти, а со тоа и кон крајниот корисник, овој систем нуди голема флексибилност и ниска цена за изведба. Корисниците би го изнајмиле велосипедот од станица за велосипеди или од локацијата на која ќе го „пронајдат“ велосипедот. Ова изнајмување се остварува по отклучувањето со картичките кои погоре ги споменавме, а потоа корисникот го користи велосипедот до посакуваната дестинација. По завршување на употребата, корисникот го заклучува велосипедот, со што завршува возењето и наплатата на услугата. Тоа значи дека наплатата зависи од патот кој го изминал при возењето на велосипедот. Разликата помеѓу паркирање на велосипедот на станицата и на одредено растојание од неа, е во наплатата. Територијата на која се користи системот е поделена на неколку зони, при што цената ќе завси од оддалеченост од станиците. Корисникот нема да биде изложен на дополнителни трошоци доколку станицата за паркирање е нефункционална или полна со велосипеди. Дополнително, неопходно е овој систем да биде отпорен од оштетување и единствен начин да се реши овој проблем е со предвидување на соодветни решенија во конструкцијата, односно во самиот дизајн на велосипедите. Заштитата од кражба ќе ја решаваме преку активно следење на локацијата со помош на GPS и дополнително, секој велосипед е опремен со аларм кој се активира кога велосипедот се поместува, а притоа не е најавен корисник. Активното следење на велосипедите би помогнало и во подобро развивање на велосипедската инфраструктура во градовите.

Колку ќе чини еден ваков еколошки и паметен велосипед?

Според нашите претпоставки, а притоа имајќи во предвид дека сеуште има детали кои треба да се средат, еден ваков велосипед би чинел околу 1.200 € кога истиот би се продавал на поединечни корисници. Иако навидум тоа е висока цена за еден велосипед, истата е значително пониска од тоа што денес се нуди на нашиот пазар. Кога станува збор за цената, битно е да се напомене дека најдобро за нашиот пазар е имплементација на градски систем од кој се изнајмуваат велосипедите.

[quote]”Планетата земја не ја наследивме од нашите предци, туку ја позајмивме од нашите внуци”
– Анонимен автор[/quote]

По завршувањето на овој дел од проектот, односно развивањето на прототипот, наш следен чекор е да преминеме кон поединечно производство на велосипеди и нивна продажба дирекно кон крајниот корисник, а притоа истовремено би се одвивале активности за можна соработка со локалните власти.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •