-2.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Сината светлина од мобилните телефони може да предизвика слепило и рак

Kabtel desktop

Уште од појавата на паметните телефони и таблети расте и растот на популарноста се предупредува дека зрачењето од екраните на тие уреди има штетни ефекти кај луѓето. Истражувањето на оптичката активност кое беше спроведено на Универзитетот Толедо во Шпанија покажа дека синото светло може да ги претвори молекулите во очите во убијци на клетките. Тоа може да доведе до макуларна дегенерација или болест која е поврзана со возраста и е водечки причинител на слепило.

„Не е тајна дека сината светлина му штети на нашиот вид така што ја оштетува оичната ретина. Нашите истражувања покажуваат како се случува тоа и се надеваме дека тоа ќе помогне за одредување терапија за забавување на маукларната дегенерација. Тоа може да бидат, на пример, нови капки за очи“ изјави д-р Ајит Карунаратне, професор на Одделот за хемија и биохемија на Универзитетот Толедо.

Сината светлина предизвикува одредена хемиска реакција за која Карунаратне вели дека е токсична за фоторецепторите во очите. Тие клетки не се регенерираат. Кога се мртви, навистина се мртви.

Истражувањето кое го спроведе Институтот за глобално здравје од Барселона покажа дека сината светлина може да се поврзе и со одредени облици на рак. Постојат докази дека изложеноста на ваква светлина може да се асоцира со рак на дојка и рак на простата. Според тоа истражување, високата изложеност на сината светлина го зголемува ризикот за појава на овие два вида рак од 1,5 до 2 пати.

Сина светлина емитува и Сонцето, па затоа како заштита експертите препорачуваат носење очила за сонце со УВ заштита. Кај екраните на телефоните и таблетите, најголем е ризикот од гледање во сината светлина ноќе во темница. Производителите на паметни телефони како Apple, Microsoft и Google вградуваат филтри за сина светлина, кои може да се приклучат на телефон.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!