10.1 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Што прави светот? Технологија Huawei Mate 20 Pro прогласен за најдобар паметен телефон на Светскиот мобилен...

Huawei Mate 20 Pro прогласен за најдобар паметен телефон на Светскиот мобилен конгрес во Барселона

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Huawei на Светскиот мобилен конгрес во Барселона освои уште една вредна награда. Му беше оддадено признание на телефонот Huawei Mate 20 Pro за најдобар паметен телефон во светот, а нградата ја врачи самиот организатор на конгресот, компанијата GSMA, кој на споменатиот конгрес се обидува да ги обедини интересите на моблните ператори и на технолошките производители во светот.

При оценувањето на уредот предвид се земени параметрите како перформансите, системските камери, трајноста на батеријата, вештачката интелигенција, системите за полнење и дизајнот.

„Сакаме да им се заблагодариме на организаторите на овој исклучително битен конгрес за признанието кое ни го доделија. Со телефонот Mate 20 Pro акцентот го ставивме на револуционерните технологии кои на корисниците им нудат врвно и уште невидено искуство, а освен тоа одличната продажба говори за тоа дека Mate 20 Pro ја освои љубовта и довербата на глобално ниво, што ни е знак дека и понатаму ќе останеме посветени на инвестициите во развој и иновации“ изјавија од Huawei.

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •