Првата израелска мисија на Месечината испрати селфи од Земјата

- Advertisement -

Израелскиот вселенски брод Beresheet, кој лета кон Месечината, ја испрати првата фотографија на која се гледа знамето на Израел, дел од бродот и во позадината се гледа целата наша планета. Фотографијата е направена со селфи камера на 37.600 далеку од Земјата.

На плочката поставена на леталото под знамето пишува „Am Israel Hai“ („Народот на Израел живее“) и „Мала земја, големи соништа“, а во позадина се гледа јужната Земјина хемисфера и Австралија.

- Advertisement -

Леталото беше лансирано пред две недели од Кејп Канаверал со ракетата Falcon 9 на Илон Маск. Ако мисијата биде успешна, Вeresheet ќе биде запаметен како првиот вселенски брод кој долетал на Месечината и првиот брод од Израел.

„Леталото веќе го надмина израелскиот рекорд во брзина и патува со 10,5 км во секунда“ изјавија од Воздушно-вселенската индустрија Израел. Beresheet не е поголем од машина за перење, а околу Земјата ќе кружи во се поголеми кругови додека не биде зафатен од Месечевата тежа и не влезе во Месечевата орбита. Слетувањето е планирано за 11 април.

Сподели!
- Advertisement -