Директорот на Xiaomi ќе го донира својот бонус од милијарда долари во хуманитарни цели

- Advertisement -

Зад Xiaomi е одлична година во која кинеската компанија го зазеде четвртото место на глобалниот пазар за мобилни телефони и излеза на берзата во Хонгконг. За овој успех најголеми заслуги има основачот и извршен директор на компанијата Леи Јун, а управниот одбор на Xiaomi се погрижи тој успех да биде и соодветно награден.

Поради придонесот во компанијата во текот на поледната година доби и голем бонус – 636,6 милиони акции, чија вредност според моменталната состојба на берзата изнесува 961 милиони години. Она што е за пофалба е дека Јун, како што пишува во годишниот извештај на компанијата, се одлучил сите акции да ги донира во хуманитарни цели. Секако, со оглед на бројот на акции што ги поседува, може да се претпостави дека извршниот директор на Xiaomi има нешто пари на сметка – поточно тежок е околу 11 милијарди долари.

- Advertisement -

Од основањето на компанијата Xiaomi имал подеми и падови, а во текот на еден таков тежок период Лен изјави дека ако е потребно, сам ќе појде да работи на производна лента. Во текот на минатата година, во време кога глобалниот пазар на паметни телефони беше во црвено, Xiaomi забележа пораст на испораките од 32%, а освен телефони, компанијата продава и многу други гаџети и потрошувачка електроника – од таблети, паметни часовници, паметни ваги, правосмукалки, преносни компјутери итн.

Сподели!
- Advertisement -