12.9 C
Skopje
недела, октомври 20, 2019

Миењето чинии, чистењето подови и диплењето алишта ви го продолжуваат животот

Никој не сака да мие чинии или да чисти по дома затоа што како и секоја домашна обврска, не е забавно. Како деца можеби сме можеле да ги избегнеме тие обврски, но како возрасни ние сме тие што мора да ги прават секој ден. Сепак, сигурно нема да се буните и да одолговлекувате да го исчистите подот ако знаете дека тоа ќе ви го продолжи животот.

Едно нов истражување покажа дека миењето чинии, чистењето подови и диплењето алишта може да ви го продолжи животот. Тоа се вести на кои сите ќе им се израдуваме. Се чини дека не мора повеќе да вежебаме со часови во теретана за да живееме подолго иако долфо време луѓето веруваат дека домашните обврски и активности не се доволни за подобро здравје.

За среќа, сето тоа било така поради недостиг од информации. Американски начуници покажаа дека дури и лесните активности како диплење алишта или чистење под може значително да придонесат за подобро здравје и подолг живот. Во истражувањето учествувале 6.000 луѓе на возраст од 63 до 99 години. Се собирале податоци за дневната физичка активност во период од една недела и потоа докторите го следеле нивното здравје во наредните три години.

Според резултатите, жените кои поминувале 30 минути дневно диплејќи алишта или некоја друга лесна физичка активност имале 12% помал ризик од смрт во споредба со оние кои не се движеле. Стапката на смртност била уште пониска кај луѓето кои редовно вршеле понапорни домашни активности. Во нивниот случај веројатноста за подолг животен век била поголема за 39%. Истражувачите велат дека резултатите биле исти за жените од различни возрасти, култури и со различна телесна тежина.

Ова е неверојатно откритие затоа што покажува дека луѓето можат да имаат подобро здравје дури и кога нивната физичка активност не се сведува на вежби во теретана. Истражувачите потенцираат дека иако во истражувањето биле вклучени само постари жени, истото важи и за помладите генерации.Освен тоа, домашните активности како миењето чинии го намалува нивото на анскиозност за 27%, а ја зголемуваат инспирацијата за 25%.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •