16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Facebook планира платежен систем базиран на криптовалута

UAKS desktop

Facebook планира да стартува платежен систем базиран на криптовалута за милијардите свои корисници ширум светот, пишува Wall Street Journal. Системот би користел дигитални пари слични на биткоин, но поинакви во смисла на тоа што Facebook би настојувал да ја одржи стабилноста на својата валута за разлика од биткоинот и сличните криптовалути чија цена е подложна на нагли промени.

Наводно, новиот систем би можел да ја поткопа употребата на кредитни картички така што на овој начин ќе се избегне плаќање надомест за обработка на податоци од која се генерира најголем дел од нивните приходи. Во извештајот на весникот, повикувајќи се на анонимни извори, се вели дека Facebook ангажира десетина финансиски компании и онлајн тргоци за да го стартува системот.

Од Facebook не ги коментираат информациите, само  истражуваат повеќе апликации за нова технологија за криптовалути.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •