21 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Автономен електричен камион сам доставува роба по Шведска

Kabtel desktop

Потсетува на кацигата на воин од „Војна на ѕвездите“, но всушност е автономен камион на компанијата Einride и  логистичкиот клиент DB Schenker, кој во средата почна со достава на роба по Шведска, а го опишуваат како првиот ваков камион во светот.

Роберт Флек, извршниот директор на шведскиот стартап Einride, изјави дека компанијата е во партнерски разговори со големи доставувачи за да помогне во производството и испораката на пратки, а не е исклучено и поврзување со големи производители на камиони.

„Оваа јавна дозвола за возење по патишта е вистински пресврт и тоа е чекор напред кон комерцијализација на автономната технологија во светот. Бидејќи сме број еден софтверска и оперативна компанија, партнерството со производна компанија е нешто што го гледаме како придвижување напред“ изјавија од Volvо по повод овој историски момент во автоиндустријата.

Оттаму додаваат дека се надеваат дека ќе склучат договор со Einride до идната година. Соработката меѓу автомобилските компании се случува насекаде во светот со це споделување на трошоци, особено при развојот на електрични и автономни возила.

Камионот T-Pod тежи 26 тони кога е товарен и нема кабина за возачот. Се проценува дека ги намалува оперативните трошоци за копнен транспорт за околу 60% во однос на дизел камионите со возачи. Освен Volvo, Einride прими нарачки и од германскиот трговец Lidl, од шведската компанија за испорака Svenska Retursystem и пет трговски компании од листата Fortune 500, што оди во прилог на амбицијата на стартапот до крајот на 2020 година за почне да работи со 200 камиони.

Операторите со товарни возила се под притисок да ги скратат роковите за испорака, да ја намалат емисијата на гасови и се соочуваат со се поголем недостаток од возачи. T-Pod е камион со ниво на автномија 4, што е втората најголема категорија и ја користи платформата Nvidia Drive за обработка на визуелни податоци во реално време. Операторот, кој седи илјадници километри подалеку, може да надгледува и да контролира до 10 возила одеднаш.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •