3.2 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2020

Мате Римац стана најбогатиот Хрват

Kabtel desktop

Мате Римац стана најбогатиот Хрват откако во неговата компанија влегоа Hyundai и Kia. Економистот Ивица Бркљача пресмета, според информациите за сопственичката структура на Rimac Automobili, дека компанијата вреди околу 580 милиони евра. Бидејќи уделот на Римац е нешто помалку од 50%, тоа значи дека Мате Римац има околу 290 милиони евра, што го става на самиот врв на листата со најбогати луѓе во Хрватска.

Во неодамнешно интервју по повод веста дека Hyundai и Kia ќе инвестираат 80 милиони евра во Rimac Automobili, Мате Римац изјави дека што се однесува на сопственичката структура, негови се 47,7% од компанијата, кинески Camel group има 14%, Hyundai има 11%, Porsche има 10%, Kia има 2,7% и останатите се малциснки удели на досегашните инвеститори од 2012 и 2013 година.

За споредба колку е неверојатно висока оваа вредност на Rimac Automobili, пазарната капитализација на најголемата хрватска туристичка компанија, Valamar Rivierа, која држи една десеттина од вкупното туристичко сместување во Хрватска, на берзата моментално вреди околу 690 милиони евра.

Rimac Automobili е основана во 2009 година од страна на Мате Римац, кој тогаш имаше само 21 година, со проект за конверзија на стар автомобил на електричен погон. Истиот автомобил во 2011 година постави пт Гинисови светски рекорди. Денес Rimac Automobili развива и произведува клучни системи за електропогон за многу светски автомобилски компании и истовремено ги подига стандардите за возилата зо високи перформанси со сопствените електрични хиперавтомобили. Во компанијата денес работат повеќе од 500 луѓе и продолжува со експоненцијалниот раст.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •