-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

Во Охрид ќе се отвора Иновативен хаб во рамките на Факултетот за туризам

Kabtel desktop

На 07.06.2019 (петок) во 12 часот на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид (Кеј Македонија 95, Охрид) ќе се одржи свечено отворање на Иновативен хаб во рамките на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и презентација на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друшта „Старт-ап“ и „Спин-оф“ од југозападниот регион,

На настанот ќе се обратат г. Јован Деспотовски, директор на ФИТР и  проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Ова е дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“, финансиран од Европската комисија, застапувана од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, во кој покрај ФИТР, се спроведува во соработка со Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), EuroPartners Development и National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI).

Проектот се состои од воспоставување на иновациска инфраструктура за трансфер на „know-how“ технологии помеѓу стартапи и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. Главната цел на предложената акција е да помогне во воспоставувањето на прекуграничен иновативен екосистем за МСП и стартапи во рамките на постојниот образовен и бизнис контекст.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!