1 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Aвтомобилите ќе добијат безвоздушни гуми од 2024 година

Kabtel desktop

Michelin ги здружи силите со General Motors за од 2024 година да почне да произведува автомобили со безвоздушни гуми. Гумите, наречени Uptis, ќе имаат неколку предности во однос на конвенционалните и за прв пат ќе се најдат на електричниот автомобил Chevrolet Bolt.

Од Michelin велат дека прототипот на Uptis или Unique Puncture-proof Tire System е голем чекор напред во реализацијата на концептот Vision за прв пат беше претставен на самитот за одржливост Movin’On во 2017 година. Крајната цел е да се заменат и гумите и тркалата со две во едно – гуми кои истовремено се тркала. GM планира да почне со тестирање на прототипот на Uptis подоцна годинава на флота од електрични автомобили Bolt.

Технологијата за безвоздушни гуми има неколку бенефити за возачите и за планетата. Во производството на таквите гуми се користат помалку суровини и се троши помалку енергија, се намалува бројот на гуми кои се рециуклираат затоа што се дупнати или оштетени, се елиминира истрошувањето на гумите ако се премалку или премногу напумпани и се намалува опасноста при возењето поради дупната гума или издишување на гума.

Од Michelin велат дека моментално околу 12% од гумите кои се користат во светот се фрлаат прерано поради тоа што се дупнати, а 8% се фрлаат поради проблеми со несоодветно пумпање. Тоа значи дека годишно прерано се фрлаат 200 милиони гуми.

Uptis е готова верзија на системот Tweel кој Michelin го претстави во 2005 година. Michelin во 2014 година најави дека ќе отвори нова фабрика вредна 50 милиони долари за производство на безвоздушни гуми. Michelin уште не ја открива цената на новите гуми и не е познато во кои величини и за кои автомобили ќе бидат достапни гумите Uptis.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •