Ако вашето дете постојано кашла, се разбира дека мора да проверите дали станува збор за нешто сериозно. Најдобро е да разговарате со доктор, но една експериментална апликација за смартфон која го анализира кашлањето може да помогне во ситуација кога не е возможно да одите на лекар.
Предводена од д-р Пол Портер и професорот Уданта Абевратне, истражувачи од Универзитетот Квинсленд, почнаа да собираат датабаза од снимки на кашлање. Тие снимки биле собрани од 1.437 хоспитализирани деца на возраст од 29 дена до 12 години, кои имале различни респиратони проблеми.
Со помош на алгоритми за машинско учење, кои се поинакви од тие што се користат кај системите за препознавање говор, научнциите искористиле 852 снимки за да обучат апликација да ги препознава различните звуци при кашлањето кај болести како пневмонија, астма, грип, бронхитис и други болести на долниот респираторен тракт. Кога таа паликација потоа се искористила за дијагностицирање на болест кај други 585 деца кои кашлале, има 81%-97% прецизност.
На апликацијата ќе се работи уште, но кога ќе се усоврши, истражувачите се надеваат дека ќе им помага на родителите кои живеат далеку од болница, на докторите да се консултираат со пациенти, па дури и на доктори кои прегледуваат пациенти во свои ординации.
„Тешко е да се дијагностицира респираторна болест кај децат, дури и за искусни доктори. Ова истражување покажува дека новата технологија, математичките концепти, машинското учење и клиничката медицина може да се комбинираат и заедно да дадат целосно нови тестови“ велат истражувачите.