15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Претставен првиот хрватски електричен болид

Kabtel desktop

Ова не е првиот студентски болид направен во Хрватска, но е првиот електричен хрватски болид и првиот со карбонска шасија. Тоа е болид кој има потреба од нов погон. Студентите од Факултетот за електричен инженеринг и компјутери од Загреб не можеле да земат нитшо до претходната генерација, туку морале се да осмислат сами.

Ова е целосно хрватски производ. На студентите им помогнале многу хрватски компании, кои правеле делови според нивните идеи. Многумина се сомневаа дека болидот ќе биде готов за само две години, но студентите веќе ова лето ќе учествуваат на натпреварот Formulа Student. Победникот на натпреварот нема да биде најбрзиот болид, туку најдобрата иновација.

Минатата година студентите го освоиле 12-тото место во конкуренција од 89 универзитети, и тоа на легендарната стаза Силверстоун во Велика Британија. Со ваков болид годинава очекуваат уште подобри резултати. Не им било тешко да одвојат време за изработката на болидот. Покрај факултетот, предавањата, дружењето, болидот и тркачкиот тим секогаш им биле на врвот на приоритетите.

Во изработката на болидот биле вклучени околу 60 луѓе, кои работеле во период од околу две години по повеќе од 8 часа дневно. За ваков проект вреди да се продолжи школувањето за една година затоа што стекнатите знаења се огромни, велат студентите. Мате Римац од Rimac Automobili исто така им позајмил инженери од својата компанија за изработка на болидот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •