-1.4 C
Skopje
среда, јануари 22, 2020

Учениците во ова индиско училиште образованието го плаќаат со пластични шишиња

Kabtel desktop

Не е необично децата на училиште да носат чанти, но би очекувале дека во нив има книги. Сепак, во едно училиште во Индија децата носат чанти полни со ѓубре. Земјата има голем проблем со пластичниот отпад – дневно се генерираат околу 26.000 тони пластичен отпад.

Во Памохи на североисточниот дел од државата Асам луѓето во подножјето на Хималаите почнаа да го согоруваат пластичниот отпад за да се загреат за време на суровите зими во подножјето на Хималаите. Сепак, пред три години кога во таа област било основано училиштето Akshar Foundation School, основачите на училиштето, брачниот пар Акшар, дошле на идеја да побараат од родителите на децата трошоците за образованието да го плаќаат со пластичен отпад.

Заедно тие ја развиле нивната идеја и од секое дете побарале на училиште да носи по најмалку 25 пластични предмети неделно. Иако фондацијата е добротворна и ја поддржуваат донации, велат дека собирањето пластичен отпад ја зајакнува општинската одговорност.

Во училиштето сега учат повеќе од 100 ученици. Не само што пластичниот отпад кој го носат на училиште помага за зачувување на животната средина, исто така оваа активност почнува да го трансформира животот на локалните семејства така што се спречува децата да одат на работа од рана возраст.

Наместо да го напушат училиштето на рана возраст за да работат во локалните рудници за 2,50 долари дневно, постарите ученици добиваат плата за да ги учат помалите деца. Како што напредуваат академски, нивната плата расте.

Инспирирани од филозофијата за основно образование на Махатма Ганди, часовите на Акшар се мешавина од практична настава и конвенционални училишни предмет. Целта е да се поддржат тинејџерите да го завршат обравоанието и да појдат на колеџ или на пракса во некоја компанија.

Меѓу практичните вештини кои ги учат е инсталација и управување со соларни панели и помагање во уредувањето на зеленилото околу училиштето. Училиштето има и склучено партнерство со добротворна организација која на учениците им обезбедува таблети и материјали за интерактивно учење за да се подобри нивната писменост.

Надвор од училиштето учениците имаат засолниште за животни, каде што спасуваат и лекуваат повредени кучиња пред да им најдат дом. Училиштето има и центар за рециклирање каде што се произведуваат еколошки тули кои се користат за едноставни градежни проекти.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •