11.3 C
Skopje
сабота, март 28, 2020

Се спремате за на одмор? Еве кои гаџети можат да ви го разубават летувањето

Kabtel desktop

Летото замо што започна, а сепак сите веќе нетрпеливо го очекуваме моментот кога ќе можеме да ги спакуваме куферите и да го пуштиме мозокот да одмора додека гледаме во прекрасното зајдисонце на плажа и пиеме коктели.

Освен вообичаените работи кои се неопходни за на одмор, годинава можеби треба да размислите да понесете и нешто друго. Ви предлагаме некои гаџети кои во зависност од одморот кој сте го замислиле, можат да ви помгонат да си поминете незаборавно.

 

Nintendo Switch

Nintendo Switch е една од конзолите кои сите ги купуваат за да ги поврзат на телевизор и цело време да ја користеат како преносен гаџет. Има многу ексклузивни игри и можност за играње на еден екран без телевизор во близина. Тоа се добри причини за оваа конзола да биде еден од совршените гаџети  кои ќе ги понесете на одмор.

JBL GO 2

Ако барате добар мал звучник кој ќе го земете со себе на плажа, Bluetooth звучникот JBL GO 2 може да издржи 5 часа работа помеѓу полнења, отпорен е на вода, го има во повеќе бои и чини помалку од 50 долари.

Huawei 20000 mAh преносна батерија

Ако еден од уредите кои ги носите на плажа снема енергија, овој универзален полнач на Huawei ќе ви биде драгоцен додаток во багажот. Станува збор за релативно евтин гаџет во кој ќе се вљубат сите кои постојано гледаат во екранот од својот телефон или таблет или поради некоја причина заборавиле ноќе да го наполнат својот смартфон.

Fitbit Charge 2

Ако сте се одлучиле за активен годишен одмор, погледнете ја оваа алка на Fitbit. Овој гаџет доаѓа со многу персонализирани опции. ОЛЕД екранот може да прикажува време и фитнес податоци, да ја следи работата на срцето и има многу добра апликација за телефон. Батеријата му трае пет дена, но не е отпорен на вода.

DJI Osmo паметна камера

DJI Osmo е совршената камера за фотографирање на сите летни авантури со 12 мегапиксели, а може да снимате и видеа во резолуција 4K.  Освен тоа, камерата има и посебен сталак кој ја прави многу стабилна. Цената е 349 долари.

Ohnana шатор за разладување

Кога сте на плажа или некаде кампувате, шаторот Ohnana ќе ви биде вистинско засолниште од врелото сонце. Благодарение на посебниот рефлектирачки материјал, шаторот Ohnana одржува многу пониска температура од обичните шатори. Можете да купите Ohnana  по цена од 184 долари.

Powerbreather Wave Ameo за дишење под водa

Ако планирате летово да посетите некоја тропска земја, дефинитивно ви треба еден Powerbreather Ameo. Овој гаџет ви овозможува да нуркате лесно така што има посебен довод на воздух и одвод на јаглерод диоксидот кој го испуштате при дишењето. Овој гаџет ќе ве чини 150 долари.

ONE Mini Pocket повеќејазичен асистент

Ако патувате на место каде што не го познавате јазикот на кој се зборува, повеќејазичниот асистент ONE Mini ќе ви биде неопходен за да го поминете одморот што е можно порелаксирано. Овој мал уред врши превод во реално време на 12 различни јазици со прецизност од 97%, а ќе ве чини 100 долари.

Somewear глобален сателитски хотспот

Ако, пак, планирате да патувате на некоја подалечна и поизолирана дестинација, каде што нема да имате Интернет, а не сакате да се чувствувате одделени од светот, ќе ви треба хотспотот Somewear. Овој уред ќе ви овозможи да останете во контакт со светот преку сателит дури и на места каде што нема друг сигнал за телефон или интернет-мрежа. Somewear чини 350 долари.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •