25 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

САД по прв пат во историјата произведе повеќе енергија од обновливи извори отколку од јаглен

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

САД по прв пат годинава генерираше повеќе електрична енергија од обновливи извори отколку од јаглен. Во април годинава 23% од генерираната енергија во САД беше од зелени извори како што се сонцето и ветрот, а 20% беше од јаглен.

Цената на обновливите извори паѓа, па сега јагленот е поскапа, но и повалкана опција за производство на електрична енергија.

Од 2017 година досега во САД  се затворија најмалку 50 фабрики за преработка на јаглен. Некои од државите во САД се префрлаат на природен гас, кој емитува помалку јаглерод диоксид отколку јагленот, но сепак е фосилно гориво.

Се планира изградба на 150 нови фабрики за природен гас и илјадници километри гасовод. САД нема национална стратегија за обновливите извори, па државите имаат различни планови.

Државата Њујорк се обврза до 2050 година да биде карбонски неутрален, а Калифорнија планира да го направи истото до 2045 година.

Велика Британија неодамна достигна слична точка во поглед на зелената енергија и по прв пат после Индустриската револуција успеа да генерира повеќе струја од незагадувачки извори отколку од фосилни горива.

Кина, пак, минатата година изгради повеќе капацитети за производство на струја од обновливи извори отколку која било друга земја, но земјата исто така е светски лидер по производството на јаглерод диоксид.

The US has generated more electricity from renewables than coal for the first time ever

Hitting a green energy milestone.📕 Read more: https://wef.ch/2XkDM2r

Posted by Video – World Economic Forum on Вторник, 02 јули 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •