13.7 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Huawei го претстави својот прв 5G смартфон кој работи и таму каде што нема 5G мрежа

Kabtel desktop

Huawei го претстав својот прв 5G паметен телефон – Huawei Mate 20 X (5G). Телефонот има процесор Kirin 980 и првиот 5G multimode 7 nm чипсет во светот, Balongom 5000. Најновиот паметен телефон на Huawei ги воведува крајните корисници во 5G ерата. Екранот има големина од 7,2 инчи и бројни патентирани технологии за да поддржи самостојни и несамостојни 5G мрежни модели, како и останатите генерации на мрежни технологии, поради што е компатибилен со 5G мрежи во која било фаза од имплементацијата во светот.

Huawei Mate 20 X (5G) е опремен со FullView екран кој на корисниците, особено на гејмерите ќе им овозможи поголема површина за разни медиа содржини. Благодарение на брзата конекција, ќе овозможи поголем интернет сообраќај, а сето тоа ќе значи и поголема моќност, па затоа Huawei Mate 20 X (5G) има батерија со капацитет од 4200 mAh. Поддржува 40W SuperCharge брзо полнење на батеријата и користи можности на вештачка интелигенција при оптимизацијата на батеријата за да го продолжи векот на траење.

Освен тоа, телефонот има и SuperCool систем кој спречува прегревање на телефонот дури и при играње на најзахтевни игри, а тука е и дуал NPU, кој дополнително влијае на преформансите во текот на повеќеасовно играње игри. Huawei Mate 20 X (5G) ќе се продава по цена од околу 1000 евра.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •