20 C
Skopje
сабота, мај 30, 2020

Bzigo е уред кој ги лови комарците во вашата соба

Kabtel desktop

Една од работите со кои се бориме секое лето, покрај жештината, се досадните комарци. Израелскиот стартап Bzigo наскоро на пазарот ќе го лансира истоимениот уред кој содржи напредна оптика, сензори, инфрацрвени камери и компјутер со моќен алгоритам кој може и на светло и во мрак да ги детектира комарците во собата и да ви испрати известување на апликација за паметен телефон дека имате несакани гости во домот.

За жал, овој електронски лковец на комарци само со ласер ќе ви посочи каде се наоѓаат, а забавата за нивно уништување и понатаму ќе биде ваша. Од Bzigo велат дека најтешко е да се лоцираат комарците, а кога знаеме точно каде се, не е тешко да се уништат.

Тие веруваат дека овој уред ќе го заврши најголемиот дел од работата. Кога со негова помош ќе се ослободиме од сите комарци, ќе добиеме известување дека просторијата е чиста, па можеме мирно да легнеме да спиеме и да не се плашиме дека наредниот ден ќе се пробудиме целите испокасани. Веројатно после чистењето на просторот би било паметно да ги затвориме вратите и прозорците за да не ја поминеме цела ноќ во ловење комарци.

Се очекува малопродажната цена на уредот да биде 170 долари, а ако го нарачате сега, може да добиете и некој попуст. Ако сте заинтересирани, одете на овој линк. 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •