4 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

ВИДЕО: Маичка направена од алги и растенија се распаѓа за 12 дена

Kabtel desktop

Vollebak е компанија за производство на облека која ја направи јакната што ја рефлектира секоја боја на сончевиот спектар. Компанијата сега креираше маичка користејќи само растенија и алги. Маичката е направена од пулпа од еукалиптус и јасен од одржливи шуми, како и од алги кои се одгледувани во биореактори.

Бидејќи е направена од растенија, таа се распаѓа за само 12 дена. „Единственото различно нешто кај оваа маичка е тоа што е ‚одгледана’ во почва со наводнување и токму таму и ќе заврши на крајот. Мора само да запаметите да ја компостирате на крајот о нејзиниот животен век, да ја претвори во почва и да ја искористите за одгледување нови растенија“, објаснуваат од Vollebak.

Маичката направена од растенија има и принт на неа направен од алги. За бојата за принтот ја користеле истата техника што ја користат Кенијците. Наместо да се процедува водата од езеро низ мрежа, водата од биореакторот ја поминале низ филтер. Со тој процес се издвоиле алгите и се добила една паста. Таа паста потоа ја исушиле додека не добиле прав. Тој прав потоа го помешале со врзивно средство на база на вода за да направат мастило од алги.

Тоа мастило потоа било ставено на маичката направена од пулпа од дрво. Алгите не можат да преживеат надвор од вода, па така и алгите на маичката не се живи. Бидејќи бојата претходно била жив организам, а не е добиена по хемиски пат, природниот пигмент од алгите е пооселтив и не се однесува исто како другите бои ставени на облека. Кога ќе дојде во контат со воздух, оксидира, што значи дека зелената боја се менува и маичката изгледа различно секој ден додека ја носите и ќе биде уникатна.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •