“Глобал Топ 100“највредни технолошки компании!

- Advertisement -

Пазарната капитализација на 100-те најголеми светски компании се зголеми за 1,040 милијарди долари (5%) за 12 месеци, според рангирањето на Глобал Топ 100, на PwC.

- Advertisement -

Растот е побавен во однос на зголемувањето од 15% забележано во 2018 година, како одраз на построгите услови на пазарот – велат од PwC, истакнувајќи дека податоците се однесуваат на период од една година, заклучно со март 2019 година.

За растот на пазарната капитализација минатата година првенствено придонесоа американските компании, благодарение на силното економско опкружување. Пошироката област на Кина (-4%) и Европа (-5%) забележаа намалување на пазарната капитализација.

- Advertisement -

Технолошкиот сектор продолжува да доминира, иако здравството, потрошувачите услуги и телекомуникацискиот сектор постигнаа најсилни резултати во изминатата година. Петта година по ред американските компании сочинуваат повеќе од половина (54) компании од листата Глобал Топ 100 со раст од 9%. Американските компании претставуваат 63% од вкупната пазарна капитализација.

Геополитичките предизвици, вклучително и неизвесноста околу Брегзит, минатата година најверојатно влијаеле врз компаниите со седиште во Европа. Три европски компании го напуштија Глобал Топ 100, а во целина, европските компании кои се наоѓаат на листата, изгубија 5% од пазарната капитализација.

- Advertisement -

Технолошкиот сектор продолжува да сочинува најголем удел во пазарната капитализација на Глобал Топ 100, пред финансискиот сектор и здравството на третото место. Растот во секторите здравство, потрошувачки услуги и телекомуникации од 15%, сепак, го надмина растот на технологијата (6%), која доживеа нестабилност на крајот на 2018 година.

Во првите десет компании на листата сè уште доминираат технолошките компании и компаниите за е-трговија: „Мајкрософт“, „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“, а потоа следат „Фејсбук“ на шестата позиција и „Алибаба“ и „Тенсент“ како седми и осми, соодветно.

Мајкрософт е предводник во постигнувањето апсолутно зголемување на пазарната капитализација, стекнувајќи 202 милијарди долари или 29% од вредноста во однос на 2018 година, што го рангираше на првото место. Следат Епл, Амазон и Алфабет. Оваа одвоена група е 40% пред компанијата Беркшир Хатавеј, која се наоѓа на петтото место, со пазарна капитализација од 494 милијарди долари.

Рос Хантер, партнер и раководител на Центарот за иницијални јавни понуди во PwC Велика Британија, рече: „Иако технолошкиот сектор немаше толку силни резултати како во претходните години, тој и понатаму доминира на листата Глобал Топ 100, а најдобрите четири американски великани се на ниво кое е единствено само за нив. На долг рок, очекуваме намалување на нерамнотежата бидејќи технолошките компании од поширокото подрачје на Кина ја напаѓаат нивната сегашна позиција “.

(www.marketing365.mk)

Сподели!
- Advertisement -