0.1 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Владата ќе субвенционира покачување на плати во приватни фирми

Kabtel desktop

За сите плати, од минималните до највисоките, за сите вработени, за сите фирми независно од големината и дејноста, ќе важи мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите што треба да стартува од 1-ви следниот месец. За оваа мерка,  која ќе трае три години, се одвоени 400 милиони денари со денеска усвоениот ребаланс на Буџетот.
 „Покачувањето во делот на платите ќе важи за сите, од минималните до највисоките, секој може да покачи. Некој вели зошто и на највисоките, но Уставот е еднаков за сите. Некој може да одлучи  500 некој 2000 евра, но ние супституираме до 6000  денари, значи од 600 денари до 6.000 денари е супституцијата на платите“, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција,
Мерката важи еднакво за сите 750.000 вработени, од кои 140.000 се јавна администрација, а 610.000 се во приватниот сектор.
„Мерката генерално е димензионирана со цел да им помогне на компаниите да ги зголемат платите на вработените, односно да ги помогнеме да ги задржат квалитетните кадри бидејќи не сите компании можат да даваат покачување, зависно од индустриите. Во овој случај ако компанија сакала да даде бруто покачување од 5.000 денари сега ќе може да ги даде во нето износ кон вработениот 5.000 денари. Мерката не е предвидена за да се прибира поголем персонален данок или за да се адресира тоа. Секако дека очекуваме да има влијание и на сивата економија“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.
 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •