2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Вештачка интелигенција откри лек за само 21 ден за кој на научниците им биле потребни дури 8 години

Kabtel desktop

Дали во иднина и медицинските истражувања ќе се прават за само неколку недели? Изгледа дека тоа можеме да го очекуваме и тоа благодарение на вештачката интелигенција. Имено, стартапот Insilico Medicine од Хонгконг објави истражување кое покажало дека може успешно да сеупотреби систем за длабинско учење во медициснките истражувања.
Нивниот систем GENTRL (generative tensorial reinforcement learning) користел вештачка интелигенција и визуелизација со помош на вештачка инелигенција, па успеал за само 21 ден да пронајде шест потенцијални лекови за фиброза, од кое еден покажал ветувачки резултати во текот на еднонеделното тестирање на глувци.
Интересное  тоа што целиот процес од почетокот на проектот до потврдата за ефикасноста на лековите траела само 46 дена и чинела 150.000 долари. Со конвенционални методи на тим во Германија кој работи на пронаоѓање лек за истата болест му биле потребни повеќе од 8 години истражување и милиони долари за да дојде до истите резултати.
Иако GENTRL и Insilico Medicinе треба да поминат долг пат до евентуално фунцкионален лек за фиброза, факт е дека само за неколку недели постигнале исто што и група научници во истражувачка лабораторија за период од 8 години. Тоа влева надеж дека во иднина благодарение на вештачката интелигенција ќе може побрзо и поевтино да се дојде до ефикасни лекови за разни болести.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •