14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Во Starbucks во Јапонија можете да го платите кафето со паметно пенкало

Kabtel desktop

Најпопуларниот американски синџир за кафе во светот, Starbucks, на своите гости им нуди бројни опции за плаќање освен со готовина и кредитна картичка. Така, имате можност да плаќате со Apple Pay, со  Starbucks картичка и преку апликацијата. Но, сега јапонската подружница на Starbucks воведува уште една метода на плаќање со посебно паметно хемиско пенкало.
Пенкалото изгледа како обично пенало и пишува како обично пенкало, но ја содржи истата бесконтактна технологија како картичките Starbucks, што значи дека можете да го приближите до кој било Starbucks IC екран на допир и го платите своето кафе. Тоа значи дека во пенкалото е вграден NFC чип, а што се однесува на дизајнот го направила малку позабавен па личи на апарат за кафе.

Пенкалото и не е баш евтино – ако го сакате, ќе треба да платите околу 37 долари, а со него ќе добиете кредити за купување во Starbucks во висина од околу 9 долари, а потоа ќе мора да ги купувате тие кредити.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •