Холанѓаните имаат најдобар баланс меѓу работата и приватниот живот

- Advertisement -

Холанѓаните имаат најдобар баланс меѓу работата и приватниот живот во светот. Само 1 од 250 вработени работи по 50 или повеќе часа неделно, што е многу помалку од просекот во ОЕЦД – 1 од 10 вработени.Холандските работници многу поголем дел од денот си го посветуваат на себеси.
Тие имаат повеќе време да јадат, да се релаксираат со семејството и пријателите и да спијат. Многу холандски семејства, исто така, ги споделуваат работните обврски. Така, во Холандија многу повеќе жени се вработени во спореба со просекот во ОЕЦД, а голем дел од луѓето работат и си скратено работно време.
Италијанците се на второ место во светот по балансот меѓу работата и приватниот живот. Тие најголем дел од времето го поминуваат на одморање и грижа за себеси. Данска се најде на третата позиција, каде што 1 од 50 луѓе работи долги часови неделно.
Топ 10-те земји со најдобар баланс меѓу работата и приватниот живот се во континентална Европа и Скандинавија. САД и Обединетото Кралство не влегоа ни во топ 20.

People in the Netherlands have the best work-life balance in the world

How much time do you devote to yourself? 📕 Read more: https://wef.ch/2IxjB7T

Posted by World Economic Forum on Вторник, 08 октомври 2019

Сподели!
- Advertisement -