8 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Теренците се втората најголема причина за растот на емисијата на CO2 оваа деценија

Kabtel desktop

Зголемената продажба на теренци, после секторот енергија, е најголем извор на глобалната емисија на јаглерод диоксид во периодот од 2010 до 2018 година. Емисијата на теренците е поголема од вкупната емисија на јаглерод диоксид од Обединетото Кралство и Холандија заедно, покажа анализата на Меѓународната енергетска агенција.

Во тој период теренците го дуплирале својот удел на глобалниот пазар од 17% на 39%, а нивната глобална емисија пораснала на повеќе од 700 мегатони CO2. Од 2010 до 2018 година емисијата на јаглерод диоксид во секторот енергија е зголемена за 1.405 мегатони CO2, на теренците за 544 мегатони CO2, на тешката индустрија за 365 мегатони, на камиони за 311 мегатони, на авијацијата за 233 мегатони, на бродовите за 80 мегатони, додека останатите автомобили ја намалиле емисијата за 75 мегатони C02.

Со растот на продажбата на теренците емисијата на јаглерод диоксид пораснала четирикратно во осум години. Кога возачите на теренците би имале своја држава, таа држава би била седма во светот по емисијата на јаглерод диоксид. Во САД речиси секој втор продаден автомобил е теренец. Во 2018 година уделот на теренците во продадените автомобили во Европа е 34,3%.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •