8 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Научници открија дека за време на Октоберфест се испушта дури тон и пол од стакленичкиот гас метан

Kabtel desktop


Повеќе од шест милиони посетители годишно го посетуваат германскиот град Минхен за да уживаат во Октоберфест, двонеделниот фестивал на пивото. Во текот на тој период посетителите јадат повеќе од 250.000 свински колбаси, половина милион пилиња и пијат дури 7 милиони литри пиво, додека вода и лимонада 1,1 милион литри.

Научниците ги интересирало и тоа колку гасови се ослободуваат во текот на фестивалот, па направиле извештај за тоа. За да откријат колку метан се испушта во текот на фестивалот научници од Техничкиот факултет во Минхен неколку дена земале примероци од воздухот на крајните делови од местото каде што се одржувал фестивалот во 2018 година. Организаторите им рекле дека не можат да влезат на фестивалот поради безбедносни причини.

Кога ги анализирале собраните податоци, земајќи ги предвид насоката и брзината на ветрот, дошле до проценката од тон и пол ослободен метан во текот на целиот фестивал. Пресметале дека секоја секунда на фестивалот се ослободувале по 6,7 микрограми метан по квадратен метар, што е десет пати повеќе отколку што се испушта по квадратен метар во Бостон, САД.

Сепак, научниците се реални па заклучиле дека човечкиот здив и ветровите не можат да произведат толку метан, туку за најголем дел од емисијата на тој стакленички гас се одговорни готвењето на плин и климатизираните уреди. Но, поради тоа што Октоберфест е толкав производител на метан, би требало да се стави на списокот со големи загадувачи на околината, заклучиле германските научници.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •