2 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Violeta вложува 20 милиони евра во Lasta

Kabtel desktop

Петар Ќорлука, сопственик на компанијата Violeta и од неодамна нов сопственик на фабриката за кекси Lasta, потврди дека е завршен процесот на преземање на оваа фабрика.

Како што истакна, за обнова и оспособување на производството според стандардите кои ги бара ЕУ планира да вложи 10 милиони евра.

„Секако, најважно ми е Lasta да го врати оној бренд што го имала. Во производство ќе се вложат максимален труд и пари за да добиеме врвни производи. Погоните и состојбата во кои се наоѓа фабриката не ги задоволуваат стандардите за производство на храна и првите потези се обнова на кровот, ѕидовите, подовитe“, изјави Ќорлука.

Тој додава дека во забрзан процес се преговорите за обнова со нови технологии и машини.

„По обновата ќе распишеме конкурс за работници и целта ни е да го ангажираме локалното население кое знае и сака да работи. Морам да ја истакнам поддршката и од партнерските фирми, како што е Ferrero Rocher и Barilla, кои ќе ни помогнат со своето знаење и искуство“ истакна Ќорлука.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •