1.8 C
Skopje
сабота, декември 7, 2019

Нориљск е најзагадениот и надепресивниот град во Русија

Kabtel desktop

Норилљск е еден од најстудените градови во светот, но воедно и најзагадениот и најдрепсеивен град во Русија, каде што живеат 175.00 луѓе. Тој е еден од најладните градови во светот, а неговите жители се борат со студот кој може да достигне до 55 степени под нулата.

Ладниот период трае 280 дена во годината, а снежните бури го погодуваат Норилјск во просек 130 дена во годината. До него нема патишта, туку се доаѓа само со авион, брод или чамец. За среќа, слетувањето во Нориљск не е толку опасно како што мислите. Во времето на Сталин до градот водел и пат кој бил познат како „патот на смртта“.

Додека траат снежните бури автобусите често се расипуваат, но резервните возила се спремни за граѓаните да можат да се евакуираат навреме без страв од смрзнување на пат. Осум до девет месеци во годината градот е прекриен со снег, а синдромот на поларна ноќ, односно мракот кој трае два месеци честопати предизвикува анскиозност, нервоза, несоница и депресија.

Нориљск е сместен над Арктичкиот круг и е дом на најголемата фабрика за топење железо во светот, која испушта толкаво загадување во воздухот што ништо не расте, дури ни трева во круг од 30 км. Градот лежи на едно од најголемите наоѓалишта на никел, платина и паладиум во светот, поради што е и еден од најбогатите градови во Русија.

Некогаш тука работеле затворениците на Гулаго, а денес вработените се доста добро платени за таа работа. Бидејќи работата на еден рудар е тешка, имаат одмор од 90 дена годишно и пензија на на 45 години. Контаминацијата со тешки метали е утврдена дури 60 км подалеку од градот.

Но, без оглед на загаденоста, студот и депресијата, која е прилично честа појава, Норилјск има голем театар, бројни кафулиња, галерии и бројни места каде што граѓаните бараат засолниште од мракот и од зимата. Кога температурите се повисоки, секоја прилика се користи да се излезе надвор, а крајот на вечниот мрак, кој настапува во јануари, го прославуваат со бањање во езеро.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •