Подружницата Loon на Alphabet потпиша нов договор со операторот Internet Para Todos Peru, кој ќе овозможи интернет во најоддалечените делови на Амазон. Благодарение на овој дговор интернетот ќе биде достапен во амазонската прашума во Перу од 2020 година натаму. Loon ќе ги користи своите балони кои летаат на висина за да овозможи интернет за компанијаѕа Telefonica во одредени подрачја. Telefonica е косопственик на операторот Internet Para Todos Peru и работи на тоа да овозможи интернет за најоддалечените популации во Латинска Америка.
Најпрвин интернетот ќе стигне до сите места каде што живеат најмалку 200.000 луѓе, така што Перу ќе стане првата земја во Латинска Америка која ќе користи балони за интернет. Loon и Telefonica претходно соработуваа во 2014 година кога ја тестираа технологијата на Loon, а три години подоцна е овозможен интернет во делови од северно Перу после поплави. Во мај годинава, пак, беше воспоставена итна интернет мрежа после силниот земјотрес во Перу.