Утре официјално лансирање на InnoTech Club

- Advertisement -

Oфицијалното лансирање на InnoTech Club ќе се одржи на 13. декември, петок,  во Јавна Соба во Скопје, со почеток во 12 часот.

InnoTech Club e платформа чија основна мисија е зголемување на свесноста во македонското општество за значењето и важноста на науката, технологијата и иновациите како клучни фактoри за идниот економски развој на земјата!

- Advertisement -

Овој настан е прв од низата Inno Café настани на кои, во следните месеци, преку неформална презентација младите ќе се запознаат со иновативни, научни и технолошки успешни проекти кои ги прават поединци, компании и институции во нашата земја.

Целта е овие средби да ни помогнат да се запознаеме, вмрежиме и инспирираме за нови заеднички иницијативи!

- Advertisement -

На утрешниот настан ќе зборуваат:

Професор д-р Игор Јорданов, лидер на InnoTech Club проектот

- Advertisement -

Веле Самак, генерален менаџер на „Микросам“ Прилеп

Емилија Стојменова Дух,професор на Факултетот за електроинженерство на Универзитетот во Љубљана и лидер на Digital Innovation Hub – 4P DIH

Филип Попоски, студент, дел од тимот Getbike, првиот македонски електричен велосипед со филтри за прочистување на воздух

Сподели!
- Advertisement -