Наградени најдобрите уметнички дела создадени од амбалажен отпад

- Advertisement -

Наградени се најдобрите уметнички дела создадени од амбалажен отпад од конкурсот„Trash for Art“, во организација на „Пакомак“. Пријавените дела конкурираа во три категории, а во секоја од категориите беа предвидени по три парични награди.

– Конкурсот „Trash for Art“ беше отворен за возрасни и деца, а неговата цел е да ги потсети граѓаните на нашата земја дека отпадот може да заземе различна форма и да добие нов живот, благодарение на умствената креативност и вештиот допир. Оваа година беа поднесени голем број дела, а најдобрите од нив, кои беа наградени, ќе останат во трајна сопственост на Пакомак, соопштуваат од „Пакомак“.

- Advertisement -

Во конкуренцијата на поединци и други институции, прва награда освои Ангела Бошкоска со делото „Папагал”, второто место и припадна на Михаил Петров со делото „Печка на дрва”, додека третото место е  за Павел Милановски со дело на тема „Тежината на светот од загадување”.

Во категоријата основни училишта, парични награди добија ПОУ „Гоце Делчев” од Неготино со делото „Овци”, ООУ „Јоаким Крчовски” од Kрива Паланка со делото „Паун” и ООУ „Димче А. Габерот” од Демир Капија со делото „Лимен човек”.

- Advertisement -

Во категоријата градинки првото место припадна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија со делото „Кенгур”, второто на ЈОУДГ „Димче Мирчев” од Велес со делото „Був”, додека третото место го освои Приватната детска градинка „Грин Хаус” од Скопје со дело на тема „Моцарт”.

Сподели!
- Advertisement -