5.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Сите јадеме по една кредитна картичка пластика секоја недела

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Микроскопски парчиња пластика се пронајдени на секакви локации – од најголеми длабочини на океанот до арктичкиот мраз. Но, таа микропластика исто така влегува и во нашите тела – од флашираната вода која ја пиеме до морските животни кои ги консумираме како храна.

Сега Reuters ја илустрираше консумацијат на пластика во различни временски периоди врз основа на податоците кои ги објави Светскиот фонд за природа минатата година. Во истражувањето се комбинираат повеќе од 50 студии на внесувањето микропластика во нашите тела, односно на пластичните честички помали од 5 милиметри.

Илустрацијата на пластиката која ја внесуваме без да знаеме за тоа е шокантна и може само да се влошува во иднина. Секоја недела внесуваме по околу 2.000 мали парчиња пластика. Тоа е еднакво на 5 грама, односно една кредитна картичка или иста тежина колку едно пластично капаче за шише.

Според податоците на Светскиот фонд за природа, еден просечен човек внесува 1.769 пластични честички неделно само преку водата. За еден месец внесуваме просечно 21 грам пластика, односно иста тежина колку една коцка за играње во казино. Иако ова не звучи како многу, пластиката се акумулира со тек на време и допрва треба да се утврдат ефектите на тие микро и наночестички врз нашето здравје.  

За шест месеци консумираме 125 грама пластика, што е еднакво на една чинија житарки. За една година внесуваме 250 грама пластика, што е еднакво на една голема чинија полна со пластика. Доколку продолжиме со ова темпо, за една деценија ќе внесуваме по 2,5 кг пластика.

Според проценките на Светскиот фонд за природа, океаните ќе содржат по 1 метрички тон пластика за секои 3 метрички тони риба до 2025 година.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!